Press "Enter" to skip to content

Младите фудбалерки на Топ гол во Битола загубија, но одиграа за пофалба (фотогалерија)

Топ гол – Истатов 1:3 (0:2)

Во рамките на II коло од ПФЛ жени, екипата на Топ гол загуби од Истатов. Натпреварот кој се одигра на фудбалското игралиште “Павел Шатев“ во Битола на врнежливо време битолчанки загубија со конечен разултат од 1:3, а на полувреме 0:2.-Она од што се стравувам цело време тоа и се случи на овој натпревар, наивноста и недостатокот на искуство беше кобно за нас. Примивме гол во последните моменти од првото и второто полувреме премногу лесно. За време на целиот натпревар бевме рамноправен и во повеќе наврати доминантен противник. Пропуштивме и шанси за гол, а погодивме и пречка. Останува следниот период да работиме на тактика и реализација, изјави шефот на стручниот штаб Кире Грбевски.За Топ гол настапија: Талевска, Јанчевска, Трајчевска, Стојчевска, Гоцевска, Димитриевска, Јовановска, Стевановска, Милевска, Љондевска и Давчева, уште играа Петровска, Нешковска, Гроздевска, Неделковска, Крстевска и Руменовска.Голот за Топ гол го постигна Стојчевска Дарија во 71 минути.Во ледно 3. коло битолчанки гостуваат во Тетово кај Шкендија.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »