Press "Enter" to skip to content

Најзборуваниот филм на Балканот “Тома“ од 18 октомври во 3Д кино Битола

Биографскиот филм за југословенската легенда Тома Здравковиќ, насловен „Тома“, во режија на Драган Бјелогрлиќ, од 18 октомври ќе игра во 3Д Кино Битола.

Најзборуваниот филм на Балканот, филмот „Тома“, приказна за една душа која својата тага, страдање и среќа ја испеа во најубавите песни. „Тома“ е импресионистички портрет на Тома Здравковиќ, кој ги прикажува неговите почетоци и врвот на славата, неговите љубови кои го инспирирале за компонирање на некои од најголемите хитови, како и односот со голем број пријатели од уметничкиот свет на Југославија. Тоа е приказна за достигнувањето неочекувани висини на популарноста, но и на дното на животот.

Главната улога ја игра Милан Мариќ, а во актерската екипа се и Тамара Драгичевиќ, Петар Бенчина, Андрија Кузмановиќ и Сања Марковиќ.

Предвидени проекции :
18.10.2021. 20:00
19.10.2021. 20:00
20.10.2021. 21:00
21.10.2021. 18:00
22.10.2021. 18:00
23.10.2021. 18:00
24.10.2021. 18:00
25.10.2021. 20:00

Задолжително е почитувањето на Ковид 19 протоколите, прикажување на сертификат за вакцинација или прележан Ковид во последните 45 денови, дезинфекција, држење дистанца и носење маска.