Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: два физички напади, пронајдени стари гранати на стадион, сообраќајни контроли

На 13.10.2021 во СВР Битола, 23-годишна жена од Битола пријавила дека во хотел во Битола, каде била привремено сместена, била физички нападната од 33 годишник од Битола, со кого живеела во вонбрачна заедница. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 12.10.2021 во СВР Битола, Д.А. од Битола пријавил дека во с. Долно Оризари, битолско, тој и неговиот брат Д.А. биле физички нападнати од 22 годишник од Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 13.10.2021 во СВР Битола било пријавено дека на трибина на Градскиот стадион „Тумбе Кафе“ во Битола биле пронајдени артиклериски гранати. Гранатите биле безбедно подигнати од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување и било констатирано дека се работи за две артилериски гранати со калибар 75 мм и една артилериска граната со калибар 105 мм од Првата светска војна.

На 13.10.2021 на подрачјето на СВР Битола била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, биле преземени 14 мерки против возачи од кои 9 за пречекорување на максималната дозволена брзина во населено место и 5 за пречекорување на брзината надвор од населено место. Откриени се и 2 други видови прекршоци. За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.

More from ВестиMore posts in Вести »