Press "Enter" to skip to content

Јубилејот 60 години Технички факултет одбележан со Третата по ред Меѓународна научна конференција “Транспортот во денешното општество“ 

-На  Техничкиот факултет – Битола се одржа пригодна cвеченост по повод јубилејот 60 години од основањето.

Едукативната дејност на Техничкиот факултет – Битола претставува завиден труд вложен во образовниот систем, благородна посветеност во функција на техничкиот и општествен прогрес на државата истакна деканот на Техничкиот факултет – Битола, проф. д-р Стојанче Нусев.Говорејќи за значајноста на јубилејот во своето обраќање тој истакна дека….

-Техничкиот факултет  е меѓу водечките во реализацијата на научно – истражувачката дејност, носител или партнер во голем број развојни и апликативни проекти. Воедно, во функција на обезбедување квалитетен високообразовен процес се 9-те лаборатории, како и Сметачкиот центар и Мултимедијалниот центар.  Денес, силата на Факултетот, станува уште поголема со новата генерација професионалци во едукативната, апликативната и научно истражувачката работа, што го прави Техничкиот факултет Битола меѓу водечките во државата. Силата на Факултетот утре, тоа се неговите 6.979 дипломирани студенти, 284 магистри и 64 доктори на науки, стипендисти на реномирани компании, добитници на најпрестижни награди и признанија меѓу кои инженерскиот прстен, подмладок од интелектуален потенцијал во функција на општествениот прогрес, заради што Техничкиот факултет – Битола со право се нарекува Универзитет во мало, Универзитет за инженерство.Како современик на постојани и бројни предизвици, Техничкиот факултет  перманентно ја унапредува научно – истражувачката работа. Овој  голем јубилеј е во знакот на науката и одржување на Третата по ред Меѓународна научна конференција Транспортот во денешното општество„. На одбележувањето на јубилејот на Техничкиот факултет се обрати и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски којшто го потенцираше значењето на развојот на транспортниот сектор во државата и прифаќањето на нови терендови во транспортот како брз одговор на глобалните потреби Тој подвлече дека современтите трендови во овој сектор бараат нови иновативни решенија посебно сега кога целиот свет се опоравува од глобалната пандемска криза и ова се теми на  кои треба да посветиме поголемо внимание, вие како стручна јавност и ние како политичари и заеднички да иницираме нови насоки во развој на транспортните политики во земјата.Министерот Бочварски посебно го нагласи  партнерското место кое го зазема Техничкиот факултет – Битола при реализацијата на наведените активности. Од име на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, се обрати проректорот за настава, проф. д-р Љупче Кочоски којшто нагласи дека: „свечениот собир  на Техничкиот факултет – Битола претставува своевиден празник и за Универзитетот „Св. Климент Охридски“  – Битола.Она што досега е сторено, особено во изминатиот период, претставува одлична основа за нови достигнувања и успеси благодарение на севкупните ресурси на Универзитетот, кој заедно со своите составни единици се поактивно и се посуштински е присутен во општествениот контекст, и паралелно со квалитативната надградба на академската дејност, со бројни и разновидни активности ја надополнува пошироката општествена улога и според природата на својата мисија, ангажирано придонесува за афирмација на Република Северна Македонија и на меѓународен план. Овие нашите одредници сега, се наши ориентири во периодот пред нас и во нив силно е вклучен Техничкиот факултет – Битола.  Благодарение на нивото на научно-истражувачката работа и придонесот на Техничкиот факултет – Битола што е исто така голем и на полето на меѓународната соработка,  Факултетот ја јакне својата препознатливост и препознатливоста на Универзитетот како евидентен доказ за образовниот и стручниот квалитет на Техничкиот факултет – Битола и на нашиот Универзитет„. Во рамки на јубилејното одбележување како поттик за идно академско усовршување и постигнување, Националниот комитет на Македонија во СИГРЕ додели награда на најдобро дипломираниот студент во 2020/21,  Марија Наумоска, од програма Електроенергетски системи на електротехничкиот отсек. Воедно, Техничкиот факултет – Битола додели и јубилејни плакети на поединци и институции со кои има долгогодишна и успешна соработка меѓу кои на академик Глигор Каневче, од Техничкиот факултет – Битола, професор емеритус на УКЛО. Вториот дел од пригодната свеченост беше во знакот на Третата по ред Меѓународна научна конференција „Транспортот во денешното општество“, значаен академски настан кој во наредните два дена, посветена на актуелни и суштествени теми за слободно движење на луѓето и стоките, сигурен и безбеден транспортен систем, подобрување на безбедноста на патниот и железничкиот транспорт, воведување на ИТ технологии, зелена мобилност, логистика насочена кон еколошки перформанси.

More from ВестиMore posts in Вести »