Press "Enter" to skip to content

Во Битола 15 нови позитивни на ковид-19, оздравени 14, активни 191 случај

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 3.025 тестирања, а регистрирани се 413 нови случаи со Ковид-19, од кои од Битола се 15.

Регистрирани сe 309 оздравени пациенти од кои од Битола се 14.

До сега ви Битола има 7.229 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 191 случаи.

Во текот на изминатите 24 часа починале девет лица, нема од Битола.

Направени се преку ЦЈЗ Битола 59 и преку “Плодност“ 32 ковид тестови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.336.229 тестирања на Ковид-19. Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 196.376, бројот на оздравени пациенти е 182.782, на починати е 6.901, а на активни случаи изнесува 6.693.

More from ВестиMore posts in Вести »