Press "Enter" to skip to content

Започна продажбата на влезниците од Евро лигата Еурофарм Пелистер – Ним

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер од Битола известува дека од денес започнува поединечната продажба на билети за натпреварот Еурофарм Пелистер – Ним кој ќе се игра во Битола, во вторник, 19 октомври – 20:45 часот.

Билетите по цена од 250 денари може да се купат во:

– билетарница на спортската сала “Боро Чурлевски“ пред почетокот на натпреварот
– БРОДЕРС ТОБАКО
– ДИМПО ТОБАКО
– На веб страницата www.kartieurofarm.mk

Можност за присуство имаат љубителите на ракометот со вакцинален сертификат или потврда за прележан ковид-19 во последните 45 дена, од денот на излегување од карантин.

More from ВестиMore posts in Вести »