Press "Enter" to skip to content

Коњановски: недела е ден за победа на бројот 7! Ден за победа на Битола!

Почитувани битолчани, Дојде време секој од нас да одлучи дали ќе живее во Битола во која заедно и со работа ќе си го направиме живеењето подобро, ќе ја зачуваме животната средина со топлификацијата и гасификацијата на општината, ќе го унапредиме сообраќајот преку реконструкција и изградба на  нови улици, ќе изградиме спортски комплекс во кој ќе се спортува и рекреира во текот на целата година, ќе го направиме Пелистер туристичка дестинација и за зима и за лето. 

И најважно од се, дојде време секој од нас да одлучи дали својот глас ќе го даде за еднаков третман за сите, за општина која директно ќе ги поддржи локалните бизниси и занаетчиите со субвенции за секоја нова инвестиција која ќе донесе нови вработувања на нашите млади.  Дојде време Битола да ја вратиме на битолчани! Битола повторно да биде космполитска, град на конзулите и еснафите! 

Дојде време сите заедно, силно и јасно да кажеме стоп за обидот Битола да ја претворат во приватна фирма, а кога мојот противкандидат Кондовски зборува дека ќе менаџирал со Битола како приватна фирма, треба да одговори на многуте отворени прашања за начинот на кој работат фирмите во кои тој е косопственик.   Битолчани велат не за менаџирање на Битола за сопствена корист. Ќе речат не и во недела на 17 ти за лажни личности кои заработуваат и делат милиони евра на грбот на нашите граѓани.

Почитувани битолчани, за Битола треба да се работи а не од неа да се заработи! Сакам да се заблагодарам на моите битолчани, што овие дваесетина дена интензивно се дружевме, бевме заедно, зборувавме и постојано споделувавме идеи и проекти за Битола. 

Почитувани, Ве повикуван искрено и  чесно, секој од  вас, искористете го своето право сами да одлучите за својот живот во нашата Битола! Ве повикувам масовно да излезете на овие избори и да дадете поддршка, оти со негласање тие добиваат најмногу!  Да почнеме ново време, време во кое ќе се почитуваме и ќе се слушаме меѓусебно како од Битола да направиме подобро место за живеење! 

Недела е ден за победа на бројот 7! Ден за победа на Битола!

More from ВестиMore posts in Вести »