Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: со закана одземен мобилен телефон, приведување по претрес на дом, сообраќајни контроли

На 14.10.2021 во СВР Битола, Н.К. (37) од Битола пријавила дека на булевар „1 ви Мај” две лица со закана од нејзината малолетна ќерка одзеле мобилен телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 14.10.2021 полициски службеници од полициска станица Битола лишиле од слобода  67 годишник од Битола. При претрес на дом и други простории на ул. „Илинденска“ во Битола, биле пронајдени и одземени марихуана, таблетки, две ловни пушки, пиштол и куршуми. По документирање на случајот, по насока на Јавен обвинител, против него ќе биде поднесен поднесок поради основано сомнение за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по член 215 и за „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, по член 396 од Кривичниот законик. 

На 14.10.2021 на подрачјето на СВР Битола била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, биле преземени 6 мерки против возачи за пречекорување на максималната дозволена брзина во населено место. За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.

 

More from ВестиMore posts in Вести »