Press "Enter" to skip to content

Се преврте автобус кој превезувал работници кај ИЗ “Жабени“, пет лица повредени

Автобус кој превезувал со работници утрово излета од патот Битола – Меџитлија, кај индустриската зона “Жабени“ се превртело,  според СВР Битола, полесно повредени се петмина работници, кои биле амбулантски третирани и не се хоспитализирани.

-Сообраќајната незгода веднаш беше пријавена во СВР-Битола и наши полициски службеници извршија увид. Во автобусот се превезувале лица вработени во фабриката и се движеле кон Битола. Во сообраќајната незгода повредени се возачот и четири патници. Сите се вон животна опасност, изјави Сања Стаматова, портпаролка на СВР-Битола.

Засега не се познати причините за несреќата и колку патници имало во автобусот.

More from ВестиMore posts in Вести »