Press "Enter" to skip to content

ЈКП “Водовод“ – Битола: без вода дел од улиците кај ОУ “Елпида Караманди“

 
ЈКП “Водовод“ – Битола ги известува граѓаните  дека поради дефект на водоводната мрежа ПЦВ Ф-160, денес од 6 часот утринава без водоснабдување се корисниците на улицата “Васко Карангелевски“ (кај Домот за доенчиња), ул. “Младински Бригади“, ул. “Смилевски Конгрес“ и ул. “Димитар И.Мурато“ (горен дел).
 
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со активностите.