Press "Enter" to skip to content

СН Финансиско друштво: најголемата инвестиција на една компанија се вработените

Најголемата инвестиција на една компанија се вработените, а токму тоа е мотото на СН Финансиско друштво. По втор пат, од 2019 година, на тимбилдинг викендот кој се одржа во Охрид од 23 до 25 септември, ги прогласија најдобрите вработени.-Вечерва сме тука да зборуваме за целите и амбициите на фирмата, да зборуваме за Вас вработените во СН финансии! Сакам да зборувам за Вашата лична амбиција, затоа што ова што го имаме постигнато денес како фирма не е максимумот, ова е успешниот почеток на една модерна финтек компанија, сектор кој глобално во светот расте со брзина на светлината, истакна генералниот менаџер Никола Јошевски во обраќањето до својот тим пред доделувањето на наградите.Еве ги првите меѓу најдобрите: Бујар Драла, најкреативна личност на годината, вработен во 2017 како правник, а ја обавува и функцијата член на Кредитен одбор постигнатиот успех и остварувањето на новите предизвици се негова најголема мотивација во работата. Најважната лекција стекната преку работата, според него е фактот дека вложениот труд има голем придонес во личното усовршување.Сотир Стевановиќ, најомилен колега на годината, вработен во 2019, како благајник, а сега на позиција кредитен референт. Најважната лекција стекната преку работата, според него е фактот дека без добар однос меѓу вработените, без немање на тимски дух во работата, а и надвор од неа во дружењето со колегите нема успешен тим.Ангела Тачовска, личност на годината во сектор продажба, вработена во 2019 како кредитен референт, моментално раководи со експозитурата Скопје  -Лептокарија. Најважната лекција стекната преку работата, според неа е фактот дека без труд успехот нема вредност. Затоа и нема тешки моменти во работата, туку има предизвици и тие се неминовен дел, но тие се и најдобрата лекција за нашиот успех.Анета Бурлијовски, личност на годината во Back Office,  вработена во 2019 како референт во сектор наплата. Најголемата мотивација и е тимската работа која е важен сегмент не само од успехот, туку и од имиџот на самата компанија. Најважната лекција, лекцијата бр. 1 која Анета ја научи преку работата е дека секогаш има начин кон достигнување на успех.Томе Чагоровски, менаџер на годината, работен од 2017 од самиот старт на компанијата како кредитен референт. Сега на позиција менаџер на сектор продажба и маркетинг. Најголемата мотивација му се насмевките на лицата на тимот и новите предизвици. Со добар тим можат да се освојат сите врвови. Тој ќе каже: работиме во нова индрустрија, ФинТек индустријата, која е на самиот почеток во целиот свет. Ни престојат многу нови предизвици кои со добар тим се реални. Најважната лекција за него е дека научи да не ги користи зборовите “не можам, не знам, ама…не“. Дека за секој проблем има решение само треба да го најдеме. Научи да биде упорен, трпелив и абициозен. Тоа му помогна во неговиот личен развој и развојот на компанијата.Неколкумина поединци и компании кои соработуваат со СН Финансиско друштво добија и плакети за посебни заслуги.