Press "Enter" to skip to content

Во Битола нови 11 случаи на ковид-19, оздравени 4 пациенти, починато лице на 22 години

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа дека се направени 3.595 тестирања, а регистрирани се 395 новислучаи на КОВИД-19, од кои во Битола се 11.

Регистрирани сe 245 оздравени пациенти од Битола се 4.

Во текот на изминатите 24 часа починале 14 лица, едно починато лице е од Битола на 22 годишна возраст.

Направени се преку ЦЈЗ Битола 68 и преку “Плодност“ 61 ковид тестови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.339.824 тестирањана Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 196.762бројката на оздравени пациенти е 183.027, на починати е 6.922, а бројот на активни случаи изнесува 6.813. 

More from ВестиMore posts in Вести »