Press "Enter" to skip to content

Гран при за “И коњите ги убиваат, зар не?“ на НТБ и специјална награда за Марјан Нечак во Крагуевац

Народниот театар од Битола, во Битола се враќа со уште две награди за претставата “И коњите ги убиваат, зар не?“ на 16. Меѓународниот театарски фестивал “Јоакимфест“ во Крагуевац, Србија, под мотото “животот потоа“.

Претставата „И коњите ги убиваат, зар не?“ на Народниот театар од Битола е наградена со награда Гран при, а специјалната награда на Град Крагуевац ја доби Маријан Нешак за режија на претставата „Само глас“ на Македонскиот народен театар од Скопје.

Жирито во образложението наведе дека претставата „И коњите ги убиваат, зар не?“ е моќен театарски чин што го пробива филмското платно и стигнува до публиката во целосната вистина. Во најнаградуваната театарска претстава на битолскиот театар во оваа година „И коњите ги убиваат, зар не?“, главната улога ја толкува Илина Чоревска, а настапуваат и актерите Никола Стефанов, Валентина Грамосли, Николче Пројчевски, Анастазиа Христовска, Викторија Степановска Јанкуловска, Филип Мирчевски, Марија Стефановска, Живко Борисов, Здравко Стојмиров и Александар Стефановски.

Специјалната награда на градот Крагуевац ја доби Марјан Нечак за исклучителен музички концепт во претставата „Само глас“ на Македонскиот народен театар од Скопје,а во образложението се вели: само гласот“ нe маѓепса со музика која е разиграна, подадена рака со длабок глас на отуѓеност. Ова е ретко дело во кое музиката е целосен партнер и за актерот и за текстот и за режијата и сценографијата и филмот.

More from ВестиMore posts in Вести »