Press "Enter" to skip to content

Одбојкарките на Пелистер Волеј ја денес ја стартуваат новата сезона

Одбојкарките на Пелистер Волеј од Битола, денес со натпреварот во Скопје, против екипата ја Вардар, ја започнуваат новата сезона 2021/2022 од Прва државна дига. Оваа нов сезона за одбојкарките од Битола е шестата по ред во Првата државна лига на Македонија.

За стартот на новата сезона, тренерот Роберт Митковски вели:

-Стартуваме во Скопје против минатогодишниот вице шампион и финалист во купот Вардар Жени 2019. Амбициите се јасно поставени, а тоа е останување во суперлигата за наредната сезона. Што се однесува пак до тоа како ние ја пречекуваме сезоната че кажам дека во изминатиот период одработивме добри припреми, одигравме повеќе контролни натпревари и се надеваме дека како и секоја година формата е темпирана онака како сме замислиле, а за играчкиот кадар со располагаат за стартот на сезоната додава:

-Оваа сезона за жал неможиме да сметаме на првотимките и најдобри поентери од минатата сезона, одличниот среден блокер Ана Пејовска како и на Ева Трпеновска која играше на примачката линија. Од огромно значење е новото засилување Ана Ивановиќ која доаѓа на позицијата примач од редовите на Крагуевац – Србија. Нова во редовите на Пелистер Волеј е и младата Василикија Наумоска која доаѓа од Синалко Крушево.

Новина е и тоа што Пелистер Волеј новата сезона како домаќин ќе ја игра во спортската сала “Боро Чурлевски“ во Битола, а пред битолчани ќе се претстави уште наредниот викенд и тоа против освојувачот на двојната круна Јанта Волеј КВ.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »