Press "Enter" to skip to content

Одбојкарките со победа од Скопје се враќаат во Битола, победен Вардар

Вардар Жени 2019 – Пелистер Волеј 1:3

(25:21; 15:25; 16:25; 23:25)

Екипата на Пелистер Волеј во Битола ги носи првите овосезонски бодиви по победата вп Скопје против Вардар Жени, во првото кол0 во Првата државна лига на Македонија.

Девојките од  Битола одиграа одлично и ја заслужија победата, а нивниот тренер Роберт Митковски по натпреварот изјави:

-Што да се кажи кога во прво коло играат Пелистер и Вардар освен дека тоа секогаш по себе е дерби натпревар. Четири сета од кои само првиот им припадна на домаќините, а останатите три ги освоија нашите битолчанки, а особено беа доминантни во вториот и третиот сет. И во четвртиот сет започнавме еуфорично и силно и имавме 11:05 на стартот. Потоа дојде до опуштање и како да чекавме натпреварот сам од себ да заврши, што во следните мечеви не смееме да си го дозволиме, а за промениот состав со кој настапија во Скопје додава:

-Со видоизменет состав на две од четири позиции започнуваме со победа и три од три бода во првото коло. Останува само да им упатам честитки за нашите борбени девојки, а особено за нашата Сандра Дамчева која одигра фантастичен натпревар во клучните моменти.

Несомнено денес најдобар поентер беше Ана Ивановиќ, а статистиката на освоени поени е следна: Ана Ивановиќ 19, Стефани Најдановска 16, Меланија Каралиоска 12, Ивана Белокозовска 11, Сандра Дамчева 5, Михаела Цветановска 5 и Андреа Стојановска 1.
More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »