Press "Enter" to skip to content

Ординацијата “Д-р Чипуровски“: пролапс на митрална валвула

Низ  разговори со д-р Васил Чипуровски, претставувајќи ја специјалистичката интернистичка ординација “Д-р Чипуровски“, информираме за кои прегледи и испитувања може да ги направите со најсовремени апарати од медицината. Со овие информации добиваме и стручни совети  за интернистички заболувања, нивно откривање и понатамошно третирање, за кои постои голема заинтересираност кај читателите, а овој пат д-р Чипуровски ќе се осврне за пролапс на митрална валвула, за што вели:

-PMV- prolapsus valvulae mitralis претставува спуштање на еден најчесто антериорниот митрален  залисток во лева преткомора за време на систола на левата комора со или без придружна митрална регургитација. Начесто претставува вродена мана со елонгирани horde tendinee и фамилјарна предиспонираност, поретко поради прележана реуматска треска, миксоматозно променети залистоци, исхемична болест на срце или фиброматозно променети залистоци во случаи на артериосклероза, СЛЕ итн.

Ехокардиографски се карактеризира со типично движење на предниот митрален залисток кон LVOT се открива често рутински кај асимптоматаки пациенти ретко со присуство на палпитации, нетипична градна болка лесна диспнеја.

Од особено значење е контролата на артериската хипертензија, контрола на гликемија и нивото на холестерол и триглицериди во крвта со цел превенирање на влошување на митралната регургитација до тежок степен со левовентрикуларна срцева  слабост Екг наод најчесто уреден ретко со инверзија на Т бран во D2,D3 i aVF, атријална фибрилација, вентрикуларни екстрасистоли итн. Аускултаторно постои систолен шум над срцеви врв, pectus carinatus et excavatus на граден кош како и сколиози на рбет.

Оперативен третман има кај тежок степен на митрална регургитација, ретко примена на бета блокатори, антитромботици а кај асимптоматски пациенти без ризик фактори само опсервација еднаш годишно.