Press "Enter" to skip to content

Пораз на Пелистер од Ренова на гостувањето во Тетово

Ренова – Пелистер 2:0 (0:0)

Екипата на Пелистер и по одигрувањето на 10. коло во Првата фудбалска лига останува без победа и со само 4 бода, по поразот во Тетово од екипата на Ренова со 2:0.

“Пелистерци“ се определија за дефанзина игра против најсилниот состав на Ренова, иако првото полувреме помина со активна игра на Ренова не направија ниту една шанса за гол. 

Во вториот дел Пелистер во 61. минута од пенал го прими првиот гол, по играње со рака Размоски, а прецизен од 11 метри беше Селмани. Пелистер продолжи со 10 фудбалери и издржа да не прими гол 25 минути, а во 85 минута Шефити погоди за 2:0.

Веќе в среда во осминафиналето на Купот, Пелистер го пречекува Работнички во Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »