Еурофарм Пелистер 2 – Тиквеш 24:26 (12:14)
Спортска сала „Боро Чурлевски“ – Битола Гледачи: 1.000
Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов (Скопје)
Еурофарм Пелистер 2: Трајкоски, Јовановски, Кузманоски 5, Буторац, Пав. Атанасијевиќ 2, В. Димитровски 2, Петровиќ 3, Андонов, Димитриоски 1, И. Димитровски, Талевски 3, Пет. Атанасијевиќ 3, Ѓорговски 1, Ѓукиќ 4, Блажевски
Тиквеш: Стојаноски 2, Велков, Кондев 1, Лазов, Дрогришки 2, Стефановиќ 3, Гичев, Коцев, Соколов, Темелкоски 5, Гоцевски 1, Трпчевски 5, Окардов, Симиќ 7, Трајковски, Јанчев.Во вистински првенствен, изедначен и драматичен натпревар во рамките на седмото коло Тиквеш ја победа на гостувањето во Битола екипата на Еурофарм Пелистер 2 со резултат 24:26, полувреме 12:14.
Натпреварот во Битола гостите одлично го почнаа, а во 10. минута беше 2:6 за нив, оа така Јовиќ мораше да бара тајм-аут. Но и потоа Тиквеш одлично одигра и дојде до +5. Еуерофарм Пелистер 2 намали на 9:12 во 23. минута. Потоа следуваше добра финиш на “пелистерци“ битолчани намалија на 12:14, резултат со кој се замина на одмор.
На стартот на вториот “пелистерци“ намалија на -1, имаа и напад за израмнување, но Тиквеш ја врати стандардната разлика од 3-4 гола. Следуваше црвен картон за Арсеновски, а на спротивната страна Кондев. За драматичен финиш Еурофарм Пелистер 2намали на -1, 24:25, на една минута до крајот. Но, Тиквеш погоди за +2 и за победа од 24:26.