Press "Enter" to skip to content

Отворени гласачките места, 82.882 битолчани бираат меѓу 6 кандидати за градоначалник и 14 советнички листи

Денес во 7 часот се отворени сите 170 избирачки места во Општина Битола, и со тоа непречено започна гласањето на локалните избори 2021 година.  Според единствениот избирачки список во Општина Битола може да гласат 80.882 граѓани со право на глас, кои ќе можат да гласаат на избирачки места кои се веќе отворени во 7 часот, а се затворааат во 19 часот.

Граѓаните на Општина Битола на овие локални имаат можност да го дадат својот глас за 6 кандидати за градоначалник и 14 листи со кандидати за членови на Советот на Општина Битола.

Вчера, сабота, во Општина Битола гласаа 112 болни и немоќни лица, а 10 од ковид-19 кои се во изолација. Исто  така од 68 затвореници и лица во притвор во затворот во Битола, правото на глас го искористиле 54. Во домот за стари лици гласаа 52 од вкупно 66 колку што се на избирачкиот список.

More from ВестиMore posts in Вести »