Press "Enter" to skip to content

Во Битола променливо облачно и потопло со можен локален краткотраен дожд

Денес, понеделник, 18 октомври, во Битола, според прогнпзите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно и потопло со услови за локален краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Температурата во Битола до 17 степени.

Утре, вторник, 19 октомври, во Битола, времето ќе биде наутро со појава на магла по одделни котлини, преку денот сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Температурата во Битола до 17 степени.