Press "Enter" to skip to content

Во Битола 3 нови позитивни на ковид-19, оздравени 2, активни 191 случај

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.668 тестирања, а регистрирани се 107 нови случаи на Ковид-19, од кои во Битола се 3.

Регистрирани сe 247 оздравени пациенти, од Битола се 2.

Во Битола до сега има 7.248 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а бројот на активни случаи е 191.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 19 починати лица, нема од Битола.

Досега во земјата се направени вкупно 1.344.538 тестирањана Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 197.197бројката на оздравени пациенти е 183.474, на починати е 6.964, а бројот на активни случаи изнесува 6.759.

More from ВестиMore posts in Вести »