Press "Enter" to skip to content

Коњановски: не очекува многу работа, не очекува обнова на градот

Кандидатот за градоначалник на Битола, Тони Коњановски, од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, на своите сопартијци и симпатизери вечерва им се обрати од плоштадот “Магнолија“ каде рече:

-Драги пријатели браќа и сестри, граѓани на Битола, би сакал да Ви се заблагодарам за големата поддршка која ја дадовте на оваа опција, за мене како градоначалник, за советничката група. Mорам да кажам дека изборниот ден беше во рамките на границите, фер и демократски, меѓутоа ќе ги занемариме сите оние проблеми кои настанаа во текот на  денот. Сепак Битола е град, град кој заслужува нова управа, нова локална самоуправа. Она што го кажувавме во изминатите три недели ќе го продолжиме, ќе останиме достоинствени.  Она што го ветивме дека локалната самоуправа ќе биде отворена за сите, дека не очекува многу работа, дека не очекува обнова на градот, или се она што го кажавме, ќе го извршиме. Ви благодарам на поддршката на сите, на сите граѓани на Битола, големо благодарам до најмладите кои достоинствено не поддржаа во цел овој пат кој го изминавме досега.

More from ВестиMore posts in Вести »