Пелистер – Феникс 86:74 (45:48)
Кошаркарите на Пелистер во Битола, во третото коло ја имаат третата победа, овој пат над екипата на Феникс 2010 со 86:74. Екипата на Пелистер имаше на неколку пати и негатива, а Феникс и по двете четртини на големиот одмор замина со водство од 3 поени, 45:48.Феникс на стартот на натпреварот, поведе и дојде до двоцифрена предност, ама не успеа да задржи истата, па “пелистерци“ со добра серија „зелено-белите“ го презедоа водството, го одржуваа до средината на вториот период, по што дојде до нов пресврт. Феникс на пауза замина со минимална предност и 45:48 во своја корист.
Сепак, “пелистерци“ по одморот тргнаа силно, а по серија од 10:0 на битолчани, резултатот дојде во нивна корист. Пелистер во продолжението не му дозволи на Феникс да се врати во игра и сигурно го затвори натпреварот. Предноста во завршните десет минути дополнително порасна, па пелистерци поведоа и со највисоки +17. Најефикасен играч во таборот на “пелистерци“ беше Хотон собра 14, Стајиќ уфрли 13, додека Ѓуровски и Трајковски мечот го завршија со по 12 поени.