Press "Enter" to skip to content

“Поинаку“: благодариме Битола, но не чека многу работа за да ја вратиме Битола во вистинското светло

“Поинаку“ во новиот Совет на општина Битола ќе има тројца советници, старо-новите  Габриела Илиевска и Иван Чулаковски, а нов ќе биде Алмир Адемовски, а денес од “Поинаку“ упатија благодарност до битолчани.

Носителката на листата Габриела Илиевска, заедно со Иван и Алмир порачаа:

-Најпрво Би сакале да се заблагодариме на сите што го дадовте гласот за “Поинаку“, на сите што на било каков начин ни помогнавте да стигниме до тука и на сите кандидати од нашата листа од еден до последен што безрезервно се вложија во минатиот период. Официјално “Поинаку“ ќе има 3 советници во новиот состав на битолскиот совет што значи дека ниедна политичка партија веќе го нема мнозинството во советот.

Не чека многу работа во овие 4 години за да ја вратиме Битола во вистинското светло кое го заслужува. Ви ветуваме дека ќе продолжиме по патот на кој сме тргнати и дека секогаш ќе останаме Поинакви.

Битолчани, големо ФАЛА! Заедно со Вас растиме од 2017 година, па наваму!  Во 2017 година 2.969 гласа 2советници, а во 2021 година 4.331 глас или 3 советници. Нема да ја изневериме Вашата доверба! Секогаш Ваши, “Поинаку“!