Press "Enter" to skip to content

Совети од психолог: денешните генерации деца повеќе осамени, нервозни, гневни, депресивни …емоционално понестабилни

Детално истражување  меѓу родители и наставници укажува на широко распространето движење во денешните генерации на деца кои се емотивно полабилни од претходните. Овие деца се поосамени, подепресивни, погневни, понервони, по неупатени, поимулсивни, поагресивни открива Даниел Големан психолог.  Тој истакнува дека лекот за ова е подготовка на децата, младите за живот во насока на развивање на емоционална интелегенција.   

Што е Емоционална интелегенција EQ ?

Емоционална интелегенција подразбира способност да се сочуствува со другите луѓе,  контрола на емоции, проценување да се создаваат добри социјални односи со другите  и многу е важна за самореализацијата  на една личност. Влијае на нашето однесување и нашиот став кон животот. Може да помогне во справување со анксиозност, депресија, и променливо расположение. Висока емоционалан инѕелегенциа директно е врзана за позитивен и  отворен однос кон животот. 

Треба да се нагласи и дека НЕ го прави 80% од успехот во животот и не точно дека секогаш е поважна од когнитивната – IQ. Таа веројатно може да биде поважна кога станува збор за емоционалното здравје и односите со другите, но секако НЕ  кога се работи на пример за академските достигнувања.

 Психологот  Данијел Големан  прв го воведе поимот во неговата книга „Емоционална интелегенција“. Спрема него не  значи дека ако некој има висока емоционална интелегенција едноставно е добра личност. Тоа може да значи дека таа е сурово искрена или отворена кон непријатни  вистини. Таа може да има контрола на своите чувства и емоции. Некои сметаат дека EQ  е позаслужна за успехот, квалитетот на личните и професионалните односи и севкупната среќа во животот na личноста. 

Емоционалните вештини или  EQ се развива и учи од детсвото

Емоционалните лекции кои децата ги учат дома или во училиште ги обликуваат емоционалните процеси, правејќи ја личноста со повисока емоционална интелегенција.  Детството и адолесценцијата се периоди во животот кога настануваат емоционалните навики, кои подоцна управуваат со нашиот живот. Исто така Данијел Големан истакнува дека недостатокот на емоционална интелегенција го проширува полето на ризик од депресија, до насилство и пореметувања во исхраната.

Спознавање на емоциите

Кај возрасните, песимистичките толкувања на животни порази во срцето на депресивното дете ги засилуваат чувствата на беспомошност и безнадежност. Децата се склони кон меланхолија, одат кон песимистички став пред настанување на депресија.

 Ова откритоие упатува на можноста дека депресијата може да се спречи пред да се разбукти. Докажано е дака ако децата научат  поделотворно да ги согледуваат проблемите, ризикот за депресија  се намалува.

Како да се развие емоционалана интелегенција?

Совети во насока на развивање: 

Емоционални вештини: препознавање и именување на чувства, изразување на чувства, процена на интензитетот на чувствата, управување со чувствата, одлагање на уживање, контрола  на нагоните, намалување на стрес, познавање на  разлики помеѓу чувства и однесување.

Сознајни вештини

Разговор со самите себе (управување на внатрешниот дијалог како начин на соочување со проблемот, предизвик и подршка во  однесување), разбирање и толкување на социјални (општествени) обележја, употреба на мерки за решавање на проблеми и донесување на одлуки, разбирање на туѓото гледиште, разбирање норми на однесување, позитивен пристап кон животот, самосвест (да се развијат реални очекувања).

Вештини на однесување: невербално (разбирање на поглед, израз на лицето, боја на глас), вербални (поставување на јасни барања, негативни влијанија, вешто одговарање на  критики, слушање на другите, учествување во заеднички разговори, полемики.

Емоционалана интелегенција се учи и развива.

More from СоветиMore posts in Совети »