Press "Enter" to skip to content

Според ДИК неофицијално: Коњановски 19.532, Кондовски 17.891 гласови за втор круг

Според резултатите објавени на веб страницата на Државната изборна комисија, по обработени 100% од избирачките места, вкупно 170 во Општина Битола, најповеќе гласови освои Тони Коњановски, а следува Христо Кондовски. Двајцата ја продолжуваат изборната трка за градоначалник во вториот круг, кој ќе се одржи на 31 октомври.1. Тони КоњановскиВМРО-ДПМНЕ, 19.532 гласови, 42,83%

2. Христо КондовскиСДСМ, 17.891 гласови, 39,23%

3. Горан Милевски  –ЛДП/ДОМ , 3.336 гласови, 7,32%

4. Зоран Лазареовски – Паљо, ГИ, 1.081 гласови, 2,37%

5. Јорго ОгненовскиДемократи, 692 гласови, 1,52%

6. Горан ТасковскиМЕТ/МНЛ, 416 гласови, 0,91%