Press "Enter" to skip to content

Тренерот на Еурофарм Пелистер пред утрешнто деби во Евролигата: Ним е класична екипа за Франција, цврста и многу брза

Еурофарм Пелистер утре го чека првиот натпревар во Битола во Европската лига на ЕХФ, а гостин ќе биде француски Ни, кој во салата “Боро Чурлевски“ ќе започне како фаворит. Пред натпреварот, предводникот на клубот Жељко Бабиќ го изнесе своето мислење. Тој го анализираше ривалот, ги посочи нивните добри страни, па најави вистинска борба за бодовите на утрешната средба во Битола.

-Со сигурност францускиот ракомет оди во нагорна линија, имаат многу квалитетни играчи во сите нивоа. Не чека тежок меч, во кој мораме да бидеме многу прецизни, тактички добри. Ним е класична екипа за Франција, цврста и многу брза. Во одбрана комбинираат со 6-0 и 5-1. Доста истрчуваат низ брз центар и особено брза транзиција, преку десно крило и бек кои доминираат. Во нападот не комбинираат премногу, играат добро еден на еден, што е карактеристика на Французите, а тие ја применуваат и во клубот. Се очекува многу контакти, трчање и класично „тепање“ на теренот. Мора да бидеме спремни на малку поинаква игра, не каква што сме навикнати досега во Европа.  Натпреварите во домашната лига дадоа придонес, иако Европа е нешто поинаку и тешко е да се споредува квалитетот. Добро ни дојде натпреварот во Охрид бидејќи беше многу емотивна и физички и тактички, а другите средби генерално се обидовме да играме со играч повеќе, нешто за што се надевам ќе го користиме и на следните, изјави Бабиќ. 

Меѓу другото, предводникот на битолчани се осврна и на навивачите кои речиси сигурно ќе бидат осми играч на Еурофарм Пелистер утре.

-Навистина ќе ни значат фановите на трибините. Се сеќавам на натпреварот против Нексе, имаше полни трибини, беше навистина убаво. Сите сме желни за емоциите, фановите и луѓето во салите, сепак спортот се игра за нив. Се радувам и се надевам дека сите заедно ќе се радуваме по добар наш натпревар, заврши Хрватот.  

More from СпортMore posts in Спорт »