Press "Enter" to skip to content

Пораз на Еурофарм Пелистер, Ним не им даде шанса на “пелистерци“ (фотогалерија)

Еурофарм Пелистер  – Ним 21:26 (6:15)

Во Битола во одличен ракометен амбиент, во сала со публика по подолго време екипата на Еурофарм Пелистер со пораз старуваше во лигата на Европа, во натпреват во кој французите нем им дадоа ни шанса ни надеж за нешто повеќе. Поразот од 21:26, само го потврди квалитетот на Ним и тоа дека е фаворит број 1 во групата. Причини има многу, а тоа сигутно ќе биде натревар кој многу ќе се анализира.Ним тргна добро во мечот и трите воведни гола ги постигна разиграниот Санад, а на другата, домашна страна не  функционираше играта “седум на шест“ а “пелистерци“ имаа минус ид пет гола во дванаесеттата минута (1:6). Потоа следуваа повеќе од десет минути кога Пелистер не постогна гол и резултат реализација за 2:7, но тоа беше се што Пелистер успеа да направи. Нападот беше ужасен, тоа Ним го казнуваше и на пауза имаше 6:15.На стартот на второто полувреме Еурофарм Пелистер ја покажа најдобрата игра и постогна 3 гола во низа. Ним на средина на полувремето имаше плус десет (10:20). Поразот домаќинот го намали кога влезе во серија и од 17:25 даде четири гола во серија за 21:25.

Најдобар кај Ним беше голманот Реми Дебоне кој запиша 13 одбрани, додека кај Еурофарм Пелистер Мандалиниќ постигна седум гола, пред Граџан со пет гола и Табоада со четири.Еурофарм Пелистер во следното коло кое е закажано на 26 октомври гостува кај Кадетен Шафхаузен.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »