Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: сопруг нападнал сопруга, 21 возач возеле побрзо од дозволеното

На 19.10.2021 во СВР Битола, 32 годишна жена од  Битола пријавила дека во домот била физички нападната од нејзиниот сопруг на возраст од 46 години. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 18.10.2021 на подрачјето на СВР Битола била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, биле преземени 21 мерки против возачи, од кои за пречекорување на максималната дозволена брзина во населено место превземени се 13 мерки, додека за пречекорување на максималната дозволена брзина надвор од населено место превземени се 8 мерки. За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.

More from ВестиMore posts in Вести »