Press "Enter" to skip to content

УКЛО Битола потпиша договор со асоцијацијата “Хеликас“

Унивезитетот “Св. Климент Охридски“ од Битола стана рамноправен член на асоцијацијата “Хеликас“ којашто работи во полето на Европската групација за територијална соработка.  Станува збор за клучен аспект на новата европска политика што промовира и поттикнува соработка на региони.

Ректорот, проф. д-р Сашо Коруновски од името на Унивезитетот “Св. Климент Охридски“  го потпиша договорот за пристапување во Хеликас што му овозможува  на УКЛО вклучување во новата форма на соработка, Европа на региони. Европската групација за територијална соработка е резултат на потребата да се пристапи кон трансформација на прекуграничната соработка, со поттикнување реципроцитет базиран на улогата на секој подрегион во пошироката прекугранична област.

Во рамки на посетата на Солун и универзитетот “Аристотелис“, ректорот Коруновски присуствуваше на Генералното собрание на “Хеликас“, на коешто е потенцирана потребата за продлабочување на дијалогот меѓу Европската Комисија, Комитетот на региони и локалните актери на прекуграничната соработка  за креирање  идни иницијативи и активности.

More from ВестиMore posts in Вести »