Press "Enter" to skip to content

Бабиќ и Мараш тажни по поразот во Битола со честитки за противникот

Екипата на Еурофарм Пелистер синоќа во Битола со пораз од француски Ним со 21:26  во Европската лига на ЕХФ, а на официјалната прес конференција по завршувањето на натпреварот зборуваа тренерот Жељко Бабиќ и Матео Мараш.

Тренерот Жељко Бабиќ му честита на ривалот за успехот во салата “Боро Чурлевски“ во Битола и додаде:-Најпрво, сакам да му честитам на Ним за победата и за изданието, сосема е заслужено, затоа што одиграа доста добар натпревар. Секако дека сум тажен, затоа што сметам дека не го покажавме нашето лице и нашето најдобро светло. Игравме лошо посебно во првото полувреме каде шутиравме избрзано и промашувавме, а исто така и голманот на Ним беше расоложен и блескаше. Така, беше тешко да се игра против ривал како Ним, посебно ако треба да бркаш резултат и да бараш баланс уште од стартот.

И Матео Мараш жали за поразот во Битола, а истовремено и се заблагодари на публиката за добрата:-Сакам да му честитам на гостинскиот тим за доброто издание и на начинот на кој играа. Во првиот дел немавме сила и ефикасност во нападот, а во одбраната примивме многу голови и му дозволивме на противникот да создаде добра разлика. Беше тешко да се фати приклучок. Бевме подобри во вториот дел, но тоа не беше доволно. Сметам дека следниот дуел за нас ќе биде подобар. Благодарност до фановите за добрата атмосфера, жалиме што не дојдовме до резултат.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »