Press "Enter" to skip to content

Во Битола 13 нови позитивни на ковид-19, оздравени 36, активни 175 случаи

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 3.491 тестирањe, а регистрирани се 487 нови случаи со Ковид-19 од кои во Битола се 13.

Регистрирани сe 1487 оздравени пациенти од кои од Битола се 36.

Досега во Битола има 7. 283 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 175 случаи.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 15 починати лица, нема од Битола.

Направени се преку ЦЈЗ Битола се 77 и преку “Плодност“ 19 ковид тестови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.351.460 тестирања на Ковид-19. Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 198.156, бројот на оздравени пациенти е 185.459, на починати е 6.998, а на активни случаи изнесува 5.699.