Press "Enter" to skip to content

И “пола сала“ публика, доволно за целосен ракометен амбиент во Битола (фотогалерија)

На првиот натпревар на Еурофарм Пелистер во Битола на меѓународна сцена по година и половина битолчани имаа прилика да присуствуваат на меѓународен натпревар.Според најновите мерки за заштита од ковид-19 во спортската сала “Боро Чурлевски“ во Битола трибините беа исполнети со капацитет од 50%, односно натпреварот го следеа околу 1.500 љубители на ракометот.Но, и со “пола сала“ публика во салата се постигна целосен ракометен амбиент, а битолчани повторно ја почуствуваа ракометната магија во Битола.Во салата беа “Чкембарите“, ветераните на навивањето, сегашни и бивши ракометари, сегашни и идни политичари, ученици, млади ракометари…Но, единствено што не одеше во прилог на комплетниот целосен ракометен амбиент беше резултатот на Еурофарм Пелистер, а доколку имаше поволен резултат целосниот ракометен амбиент ќе беше многу поубав.Низ фотогалерија ви пренесуваме дел од расположението на трибините во Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »