Press "Enter" to skip to content

Кондовски: продолжуваме со инвестициите во развојот на спортската инфраструктура

Кандидатот за градоначалник, Христо Кондовски од СДСМ и Коалицијата денес заедно до дел од советниците во новиот Совет на општина Битола зборуваше за развојот на спортската инфраструктура, при што рече:

-Ќе ги финализираме градежните работи на Градскиот стадион под Тумбе кафе. Средствата се веќе обезбедени и тоа ќе го направиме затоа што и досега како локална самоуправа вложивме над 4 милиони евра во овој проект. Инвестициите продолжуваат и со реновирање и обновување на опремата во Спортската сала „Боро Чурлевски“.Спортските здруженија на граѓани и клубовите добиваат подобри услови за спорт и рекреација. За ова е предвиден буџет од 500.000 евра, а активностите ќе завршат во рок од 2 години.

Трибините на Ракометното игралиште ќе се реконструираат. Предвидени се и нова соодветна подлога, обележување на терените и нова ограда. Тенис во Битола ќе се игра во текот на целата година. Тениските терени за таа цел ќе добијат монтажна покривна конструкција за да може да се користат во сите сезони. 

Но, како што вложуваме во градот, така вложуваме и во селата. На стадионот во селото „Лавци“ ќе биде поставена целосно нова тревна подлога и систем  за наводнување. Ќе се игра и навечер затоа што поставуваме ново рефлекторско осветлување. Време на реализација на проектот е 1 година, а за истиот се предвидени 50.000 евра.  Во функција ќе биде ставен и стадионот во Горно Оризари. Со целосно нова тревна подлога, систем за наводнување  и рефлектори жителите ќе уживаат во добри услови за спортување. Дополнително, до стадионот ќе се изгради и соодветен паркинг простор. Време на реализација на проектот е 1 година, а за проектот се наменети 100.000 евра. 

More from ВестиMore posts in Вести »