Press "Enter" to skip to content

Коњановски: гарантираме еднакви услови за живот и во градот и во селата

Кандидатот за градоначалник на Битола, д-р Тони Коњановски, денес беше во посета на Долно Оризари од каде ја даде следната изјава:

-Гарантираме еднакви услови за живот и во градот и во селата. Сите граѓани се исти и имаат еднакви права! Ние гарантираме инфраструктурна преродба на Битола, сега и веднаш! За руралните средини во поранешните општини Бистрица, Кукуречани и Цапари, Општината ќе има загарантиран годишен буџет, односно граѓаните сами ќе ги одредуваат приоритетите, за тоа кој проект во кое населено место и во која година ќе биде имплементиран.

За ДОЛНО ОРИЗАРИ гарантираме изградба на инфраструктура и улична мрежа низ селото, како и улично осветлување од Цермат до мостот во Д. Оризари со бележење на велосипедска патека како и нова училишна спортска сала. Во Горно Оризари гарантираме завршување на локалниот пат с. Крклино – Г. Оризари, гаранитраме изградба на ул. „Стара чешма “ кај Плинмонт и изградба на улицата „Васил Брклевски”.

За КРАВАРИ гарантираме реконструкција на спортското игралиште и средување на инфраструктурата на сите улици. За Лавци гарантираме проширување на патот со замена на тампонот од банкините со камена коцка и чистење на каналите по должина на локалниот пат од двете страни и изградба на улично осветлување по должина на локалниот пат до селото.

За Буково, гарантираме проширување на локалниот пат и изградба и покривање на каналите покрај патот и изградба на секундарна канализациона мрежа низ селото. За Цапари, гарантираме реконструкција на патот до текстилната фабрика. За Логоварди гарантираме изградба на улична мрежа низ селото. Гарантираме реконструкција на локалниот пат за село Дихово и изградба на комплетна инфраструктура на локалниот пат за селото Брусник. Во Братиндол гарантираме изградба на спортско игралиште во рамките на училишниот двор.

Почитувани, заедно влеговме во оваа борба за подобри и еднакви услови за живот на сите граѓани во општина Битола. На 31 октомври да ја завршиме со ПОБЕДА и да работиме!

More from ВестиMore posts in Вести »