Press "Enter" to skip to content

Пелистер “на пенали“ продолжува во Купот, Трајчевски одрани, Бошковски погоди (фотогалерија)

Пелистер – Работнички 5:4 (пенали) 0:0

Екипата на Пелистер во Битола обезбеди пласман меѓу најдобрите 8 екипи во Купот на Македонија откако по 0:0 во тежок натпревар по подоброто изведување на пенали 5:4. Пенал рулетот го одлучија Трајчевски кој одбрани пенал во третата серија, а Бошковски во петтата серија го завери пласманот.Инаку, околу 200 љубители на фудбалот во Битола немаа прилика да гледаат којзнае каков натпревар, без шанси за гол или некои добри акции кај двете екипи. Во првиот дел Пелистер тргна подобро, потоа поактивен беше Работнички, а пред финишот на првиот дел беа гостите. Во вториот дел и двата тима беа претпазливи, затоа што влогот беше голем. Здравевски имаше шана за гол кај Пелистер, а по последната минута Маневски можеше да го решеи натпреварот.Покрај Пелистер, во следната фаза од Купот патуваат уште Македонија ЃП, Силекс, Брегалница, Струга Шкупи, Шкендија и Вардар.

 
More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »