Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: физички напади, 22 битолчани возеле побрзо од дозволеното

На 19.10.2021 во СВР Битола, Л.Н. (30) од Битола  пријавила дека во населбата Јени Маале  нејзиниот малолетен син физички бил нападнат од тројца малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 19.10.2021 во СВР Битола, И.К. (40) од Битола пријавил дека пред влезот на неговиот дом бил физички нападнат од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 19.10.2021 на подрачјето на СВР Битола била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, биле преземени 22 мерки, од кои за пречекорување на максималната дозволена брзина во населено место превземени се 11 мерки, додека за пречекорување на максималната дозволена брзина надвор од населено место превземени се 11 мерки.  Откриени се и 22 други видови прекршоци. За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.

More from ВестиMore posts in Вести »