Press "Enter" to skip to content

Битолчанецот Димитар Митровски со нов видео запис “Разигран сокак“ (видео)

Димитар Митровски од Битола, кој меѓу македонските музичари важи за еден од најмладите и најдобрите хармоникаши во Македонија поради тоа што позади него стојат два албума со иструментални оро и соработка со нашите најпополарни изведувачи, деновиве издаде нови видео запис насловен “Разигран сокак“.

Неговата ова композиција, како вели Димитар, е еден нов почеток на неговиот трет албум на кој сеуште се работи, а е работена заедно со Никола Стојановски – гитара, Димитар Наумовски – ударни иструменти и Владо Димовски – бас гитара.

Новата композицијата на Димитар, на која музиката и аранжманот сам ги направи е снимена во студио “Анастасија Скопје”, а за видео записот се погрижи екипата на “IN TV AUSTRALIA“.

-Ова дело е создадено со емоција од ритамот на македонската народна душа што ќе можи да допри до секој слушател, а на сите кои ќе го слушаат ова мое најново музичко издание им посакувам да уживајте во звуците на мојата музика, порачува Димитар. 
More from ВестиMore posts in Вести »
More from ЗабаваMore posts in Забава »