Press "Enter" to skip to content

Во библиотеката изложба на книги на тема “700 години од смртта на Данте Алигиери“

Во холот на НУУБ „Св Климент Охридски“ – Битола, е поставена изложба на тема „700 години од смртта на Данте Алигиери“.

-Данте Алигиери (1265 – 1321) е италијански поет, еден од најголемите книжевници во светската литература и автор на бесмртното дело „Боженствена комедија“, која претставува едно од најважните литературни дела на сите времиња, познато во целиот свет. Неговото дело напишано на народен италиjански јазик претставува суштински елемент на идентитетот на италиjанскиот народ, поради кое тој се смета за татко на италијанскиот јазик, а неговото дело успева да заземе клучна улога во културниот живот на Европа во наредните векови, велат од библиотеката, за изложбата која ја постави Маријан Колевски.

Во изложбата се изложени книги од Данте Алигиери и од други познати италијански автори како: Итало Калвино, Алберто Моравија, Сузана Тамаро, Еко Умберто, Донато Каризи, Александро Барико, Паоло Џордано и др.
More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »