Press "Enter" to skip to content

Во Битола 20 нови позитивни на ковид-19, оздравени 2, активни 193 случаи

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 3.073 тестирањe, а регистрирани се 490 нови случаи на КОВИД-19, од кои во Битола се 20.

Регистрирани сe 201 оздравени пациенти од Битола се 2.

До сега во Битола има 7.303 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 193 случаи.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 11 починати лица нема од Битола.

Направени се ЦЈЗ Битола 70 и преку “Плоднос“ 21 ковид тестови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.354.533 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 198.646 бројката на оздравени пациенти е 185.660, на починати е 7.012, а бројот на активни случаи изнесува 5.974.

More from ВестиMore posts in Вести »