Press "Enter" to skip to content

За прв пат одбојкарките на Пелистер Волеј во “Боро Чурлевски“, против Јанта в сабота

Пелистер Волеј од Битола ќе го игра вториот натпревар во оваа сезона, прв на домашен терен и пред своја публика, за прв пат во салата “Боро Чурлевски“ во Битола, во која претходно има настапувано само машката екипа во далечните деведесетти години.

Противник е освојувачот на двојната круна од минатата сезона, екипата на Јанта Волеј КВ од Скопје.

На воведниот натпревар од сезоната, Пелистер забележа победа над вицешампионот и финалист од купот во минатата сезона, Вардар Жени 2019 и иако загуби сет, освои максимални 3 бода.

-Екипата е добро подготвена и максимално мотивирана за овај дерби дуел, во кој фаворитската улога секако ја има гостинската екипа. Ве повикуваме во што поголем број за максимална поддршка на нашиот Пелистер, порачуваат од Пелистер Волеј.

Влезот е бесплатен. За лица над 18 години, потребен е сертификат за извршена имунизација со две дози, негативен тест или доказ за прележан ковид 19 не постар од 30 дена.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »