Press "Enter" to skip to content

Кондовски: бесплатен интернет во секое училиште, во градот и во секое село

-Сите ученици во сите училишта треба да имаат пристап до платформите за учење на интернет. Само така ќе обезбедиме квалитетно образование и поеднакви услови за школување и развој на секое дете. Притоа, руралните средини не смеат да бидат запоставени. И децата во училиштата во руралните средини мора да имаат пристап до интернет.

Затоа ветувам бесплатен интернет во секое училиште, во градот и во секое село на територијата на Општина Битола. Ова е особено важно кога ќе се земе во предвид дека поради пандемијата на Ковид многу деца беа принудени да учат на далечина, на интернет.

Не смееме да дозволиме да назадуваат затоа што немаат интернет. Нашата заложба за бесплатен интернет во секое училиште во Општина Битола е придонес за квалитетно образование на сите деца.