Press "Enter" to skip to content

“Сумнал“, ООУ “Св. Климент Охридски“ и ОУ “Бранко Пешиќ“ од Белград потпишаа меморандум за соработка

Во Битола деновиве, како дел од проектот „РомАБЦ за Западен Балкан“, кој е ко-финансиран од Европската унија преку Еразмус + програмата, на 17.10.2021 година се потпиша договор за соработка помеѓу Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“ од Битола, ООУ „Климент Охридски“ – Битола  и основното училиште „Бранко Пешиќ“ од Белград, Република Србија.

Соработката според овој Договор ги опфаќа следниве области: размена на добри практики, размена на искуства при работа со ранливи групи деца, помош при работа со возрасни ученици и понатамошна соработка и одржливост на проектот.

More from ВестиMore posts in Вести »