Press "Enter" to skip to content

Во Битола 13 нови позитивни на ковид-19, оздравени 12, активни 194 случаи

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа, направени се 3.209 тестирањe, а регистрирани се 411 нови случаи на КОВИД-19, од нив во Битола се 13.

Регистрирани сe 271 оздравен пациент од Битола се 12.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 4 починати лица нема од Битола.

Направени се преку ЦЈЗ Битола 69 и преку “Плодност“ 22 ковид тестови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.357.742 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 199.057, бројот на оздравени пациенти е 185.931, на починати е 7.019, а бројот на активни случаи изнесува 6.107.

More from ВестиMore posts in Вести »