Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер лесно до победа над Бутел во Битола (фото)

Еурофарм Пелистер – Бутел Скопје 27:20 (16:7)

Спортска сала „Боро Чурлевски“ – Битола, Гледачи: 200
Судии: Димитар и Дејан Георгиевски.Еурофарм Пелистер: Секељи, Кизиќ, Мараш 3, Ојлески 1, Маркоски, Маџовски 1, Мандалиниќ 11, Танкоски, Периќ 3, Костески, Кукоски, Велковски, Божиќ Павлетиќ 4, Граџан 3, Обрадовиќ 1, Табоада.

Бутел Скопје: Чаневски, Блажевски, Фидановски, Андреевски, Младеновски 4, Стојановски, Ѓеоргиевски, Митев 2, Б. Спасовски, Мојсоски 1, Боб. Спасовски 1, Стојчевиќ, Јевтиќ 2, Давитковски 1, Мајиќ 9, Тот.Екипата на Еурофарм Пелистер во Битола во рамките на 8. коло од Суперлигата во „Боро Чурлевски“ лесно и без многу труд го победиа Бутел со 27:20, полувреме 16:7.На стартот на натпреварот беше 4:0 по пет минути, а по тајм-аутот на гостите екипата на Еурофарм Пелистер продолжи како и претходно, така што во 19. минута беше 10:2.  Во 28. минута предноста на Еурофарм Пелистер достигна највисоки +10, а на одмот се отиде со +9 16:7.На почетокот од вториот дел гостите од Скопје намалија на 21:15 по следуваше тајм-аут кој го побара Бабиќ во 41. минута. Со неколку гола во серија Мандалиниќ ја реши дилемата за победникот, а крајот беше 27:20 за “пелистерци“.Најефикасни кај Еурофарм Пелистер беа Мандалиниќ со единаесет, Божиќ Павлетиќ со четири и Граџан и Мараш со по три гола.