Press "Enter" to skip to content

Мицковски во Битола: благодарност за поддршката и најава за голема странска инвестиција

Денеска во посета на Битола претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски, кој одржа прес конференција кај индустриската зона “Жабени“ заедно со членот на ИК Олга Лозановска, кандидатот за градоначалник Тони Коњановски и носителот на советничката листа Пеце Милевски, на која прво искажа благодарност до битолчани за поддршката и најаво нови инвестиции во Битола.

-Овде во Битола и симболично овде во “Жабени“, ја даваме оваа изјава во индустриската зона “Жабени“, да ги охрабриме битолчани да им кажеме дека идната Влада која што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ и идниот градоначалник Тони Коњановски заедно сериозно работат на една голема странска инвестиција. Ќе ве молам да оставите на времето да покаже која ќе биде таа голема странска инвестиција, која што во наредниот период ќе дојде и ќе инвестира овдека во Битола. Да не бидеме како тоа што го правеше Зоран Заев и Владата на СДСМ, лиферувајќи имиња од типот на голем германски инвеститор во автомобилската индустрија, па Фејсбук, па Гугл, па последно на едно наше заедничко соочување ИКЕА ја споменуваше, и уште ред други имиња кои што ги споменуваше. Не би сакал да наликувам на човек што споменува имиња бидејќи и самите тие нормално дека не би сакале да се открие тоа име. Но, јас сакам да откријам и со сигурност да кажам дека во периодот кој што следи идната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и идниот градоначалник Тони Коњановски ќе донесат голема странска, мултинационална компанија која што ќе инвестира и ќе обезбеди во почеток неколку стотици, а во подоцнежна фаза и повеќе од неколку илјади нови работни места овде за Битола и за битолчани, и за Пелагонија, она што е за нас многу важно.Мицкоски воедно им се заблагодару на битолчани за големиот успех во првиот круг, за мнозинството советници во Советот на Општина Битола кои што доаѓаат од коалицијата за „Обнова на Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

-ВМРО-ДПМНЕ недвосмилено победи, освои најголем број гласови во Советот на Општина Битола. ВМРО-ДПМНЕ победи во првиот круг овдека во Битола и во трката за градоначалник, Тони Коњановски победи во првиот круг и ќе победи во вториот круг за тоа што на битолчани им е преку глава веќе од лаги, криминал, предавства, од корупција, од неуспеси во здравството, од нереформирано образование, од сето она што се случуваше изминативе 52 месеци во Македонија, но и сето она што се случуваше изминативе четири години овдека во Битола.

На прес конференцијата зборуваше и Тони Коњановски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Битола, кој рече:-Низ целата наша програма провејува фактот дека локалниот економски развој во основа на се, за развојот на Битола, пред се. Очекуваме нови инвестиции, очекуваме да ги откочиме процесите кои беа стопирани во изминативе четири години. Знаеме дека во Битола нити една странска инвестиција или домашна инвестиција не доби можност. Веројатно вратите на Општината беа затворени. Со помош еве на претседателот Христијан Мицкоски тоа го кажа, ние и во повеќе наврати разговаравме за тоа, во најава е нова инвестиција и не само таа, очекуваме она што граѓаните младите да си ги задржиме само преку локалниот економски развој и отворена врата на Општината за нови инвестиции и за нови вработувања во Битола. Само на тој начин можеме да излеземе од оваа баруштина која се наоѓаме, истакна Коњановски.

More from ВестиMore posts in Вести »