Во фоајето на Центарот за култура во Битола, по рамките на роденденскиот месец е отворена изложбата насловена “Ливадата на музите“ на битолскито ликовен уметник Драган Најденовски, исполнета со емоции, уметност, и љубители на уметноста…Изложбата ја отвори директорката на Центарот за култура во Битола – Маја Андоновска – Илиевски која по тој повод рече:
-Човекот го има Бог, а уметникот својата муза. Драган Најденовски е уметник благословен да создава и твори на ливадата на музите, како што и ја нарече својата изложба, која ја отвораме во Центарот за култура и ја посветуваме на роденденскиот месец . Неговиот уметнички опус е толку голем и фасцинантен, што навистина е огромна чест што ја прифати поканата да биде дел од програмата на Центарот за култура за 2021 година. Драган е еден од ретките уметници, кој полнокрвно и страсно живее за уметноста и тоа го пресликува и во неговите дела полни со бои на животот.
Драган Најденовски на отворањето рече дека изложбата има необичен наслов “Ливадата на музите“, а додаде дека има и работен наслов “Предели 2020/2021“. Изложбата, како рече, му е посебна значајни бидејќи е прва по периодот на пандемијата кога уметоците можеа само да творат, а не и да ги изложуваат своите дела на изложби, а и како е работниот наслов на изложбата делата кои изложени се направени токму во тој период.
Битолчани изложбата ќе имаат можност да ја разгледате во наредните 7 дена во фоајето на Центарот за култура во Битола.

Отворена изложбата “Ливадата на музите“ на Драган Најденовски
More from ВестиMore posts in Вести »
- Фото вест: две кошаркарски легенди кои ги “личи“ да бидат “на кошарка“
- 42 санкции за прекршоци што ги прават пешаците на територија на СВР Битола
- Пелистер го победи Еуро Никел во Битола и го направи првиот чекор кон финалето (фотогалерија)
- Регионалната комора од Битола организира средба во Стење на претставници од Лерин, Пела, Аминдео и Преспа на градовите и коморите
- Жарко Пешевски нов кружен напаѓач на Еурофарм Пелистер, во Битола останува три години
More from КултураMore posts in Култура »
- Промовирана книгата “ОбојОбојОбој“ на Јордан Николов
- Софија Ристевска дел од феминистички стенд-ап
- Отворена изложбата “Народната култура како трајна инспирација во моето творештво“
- Гимназијата “Јосип Броз Тито“- Битола со низа активности го одбележа својот патронен празник (фотогалерија)
- Тактилните изложби „Допирот на уметноста“ на НУ Завод и музеј Битола, претставени во Хрватска и Словенија