Press "Enter" to skip to content

Во Битола трибина “Обединети до победа за Битола“, зборуваа Зоран Заев и Христо Кондовски (фото)

СДСМ вечерва на платото во дворот на Офицерски дом во Битола одржа граѓанска трибина, а пред присутните збруваа претседателот на СДСМ Зоран Заев и кандидатот за градоначалник на Битола, Христо Кондовски. Трибината се одржа  со наслов “Обединети до победа за Битола“.Претседателот на СДСМ Зоран Заев од трибината испрати порака во битолчани:-Во име на се што постигнавме досега, сакам да пратам порака на заедничко делување, бидејќи постои ризик земјата да ни се врати назад, во огромна неизвесност и криза. И граѓанскиот сектор и стопанството досега имаа можност да се увери дека знаеме да слушаме, дека знаеме да постапуваме по она што ни го укажувате и во име на досега сработеното за Битола, имаме право денес од вас да ја бараме вашата поддршка. Граѓанскиот глас е совест на општеството, да се обединиме во името на иднината на Битола и државата. Да се обединиме и да гласаме да продолжи унапредувањето на слободата и демократијата, да продолжи да го негуваме концептот „Едно општество за сите“, да гласаме да продолжиме по заедничкиот пат, по правиот пат на напредокот, наместо да се враќаме назад во изолацијата и поделбите.-Со чист образ, сакам да побарам од вас да дадeте шанса за земјата и општеството да продолжат да се движат кон иднината, наместо да се враќаат во минатото. Барам да се сплотиме и обединиме околу оваа наша јасна и заедничка цел. Во име на се што постигнавме досега, сакам да пратам порака на заедничко делување, бидејќи постои ризик земјата да ни се врати назад, во огромна неизвесност и криза.Кондовски пред сопартијците и членови на коалициските партии посочи дека само СДСМ има програма и гарантираме дека сто проценти ќе ја исполниме и додаде:-Ветивме многу, а ќе исполниме исто така многу. Ветивме стотици мали месни проекти во нашите рурални средини, во нашите мали, во нашите сокачиња. Уште од првиот ден ќе почнеме да работиме. Едвај чекам да работиме. Ветивме 22 големи проекти од кои десет се капитални проекти. Ветивме долго очекувано решение на проблемот во централното градско јадро, ветивме зелена Битола, ветивме дека топлификацијата и гасификацијата ќе пристигнат. Верувајте ми имам сила енергија, визија и знаење заедно со вас тоа да го работам од првиот до последниот ден. Знам дека сме позитивно насочени, дека сме насочени кон развој. Секој еден слободен денар на развојниот буџет на Општина Битола ќе се инвестира во инфраструктура. Само така граѓаните ќе знаат дека секој еден нивни денар е вложен во капитал. Не е прашање дали да се гради, прашање е како ќе се гради. Ќе се гради многу, од делот на стопанството и од делот на јавниот буџет, а новата локална самоуправа предводена од СДСМ и коалицијата ќе гради плански во урбаните и руралните средини и затоа очекувам победа.Кандидатот за градоначалник Кондовски истакна дека ќе се бори и за секоја една битолчанка и битолчанец да ги уживаат удобностите на 21 век тука дома. Преку градење на локална и современа инфраструктура, преку враќање на младите и кревање на секој еден капацитет со кој што располага општината. На трибината зборуваше и Софија Ристевска во своето обраќање кон граѓаните рече:-Запомнете едно, ние граѓаните сме најважни, нам ни треба хуман град со хуман градоначалник кој е солидарен со сиромашните и болните. Ние заслужуваме таков град. Затоа најважно на 31 октомври да гласаме за иднина за надеж за солидарност за напред а не назад! И на 1-ви кога ќе победи Кондовски ние сме тие граѓаните кои ќе му тропнеме на порта и ќе му речеме Христо ти вети а сега ќе го исполниш.

More from ВестиMore posts in Вести »