Press "Enter" to skip to content

Коњановски: како нова локална самоуправа воведуваме концепт на зелена и чиста општина

Кандидатот за градоначалник на Битола, д-р Тони Коњановски, на ВМРО-ДПМНЕ денес одржа прес конференција во градскиот парк во Битола и рече:

-Прашањето за здрава и чиста животна средина не смее да биде на маргините и заборавено, како овие четири години! Гарантираме енергетски ефикасна општина, по изградбата на примарната мрежа, гарантираме обезбедување приклучок за гас до секој дом. Гарантираме субвенции за соларни фотоволтаични панели. Гарантираме сто процентна покриеност со штедливо лед јавно осветлување.

Како нова локална самоуправа гарантираме еднократни субвенции за велосипеди и тротинети на електричен погон. Субвенционирање на енергетско – ефикасни фасади. Субвенционирање на замена на покривите на зградите за колективно и индивидуално домување кои имаат покриви од салонит. Гарантираме постојано зголемување на нови зелени површини. Уредување на околината на црквата „свети Четириесет маченици“. Гарантираме пошумување на Кркардаш,  пошумување на Билбил камен.

Како нова локална самоуправа воведуваме концепт на зелена и чиста општина. Гарантираме: зелена архитектура, изградба на центар за управување со отпад, воведување на концептот на циркуларна економија преку паметно управување со отпадот, целосен третман на отпадните води.

Секако, гарантираме финализирање на проектот за Пречистителната станица и колекторскиот систем. Овој проект и покрај комплетната проектна документација и обезбедената финансиска конструкција немавме среќа да биде реализиран од досегашната власт на СДСМ во изминативе четири години, а е клучен за обезбедување здрава животна
средина и трајно решавање на комуналните проблеми со кои се
соочува Битола. 
Овој проект е еден од најкрупните зафати кој што ќе го реализира новата локална самоуправа, од суштинско значење за одржлив развој на општина Битола.  

More from ВестиMore posts in Вести »