Press "Enter" to skip to content

Николовски и Кондовски од Широк Сокак: Битола заслужува да оди напред и да се развива

Христо Кондовски е човекот со кој Битола ќе биде во сигурни раце. Човек кој има импозантни резултати во стопанството и кој има капацитет да ја води напред Битола. Развојот на Битола продолжува со обединување со граѓаните, со сите демократски и прогресивни групи и поединци. Само така ќе продолжи напредокот на општината, ќе имаме градоначалник ЗА граѓаните.  Битола заслужува да оди напред и да се развива, порача генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски од битолски Широк Сокак. -Направивме голем број истражувања за да го одредиме профилот на градоначалник кој граѓаните го посакуваат. Знаете што бараат граѓаните? Достапен човек и човек од акција! Христо ги има и едното и другото и затоа сум убеден, не заради тоа што математички бројките покажуваат дека левоориентираните, граѓански слободоумните, луѓето кои не сакаат притисоци, уцени, закани кои што не сакаат да се врати времето на Никола Груевски, а добро го паметат овде во Битола, се многу побројни во Битола. Сите тие се на иста страна. Јас ќе се сретнам со сите овие граѓани, со сите што сме ги поттикнале со нашите политики да ги воочат разликите. Нема веќе режим, има слобода и деморкатија. Нема влечење за уши, нема гласачи од Пустец, нема ВМРО МВРО, туку вредности кои не обединуваат да продолжиме напред”, рече Николоски. 

Кандидатот за градоначалник, Кондовски изјави дека и во вториот круг продолжува позитивната кампања, но сега со уште поголема мотивација.-Понудивме програма за економски развиена Битола, град по мерка на човекот, хумана заедница за сите генерации. Граѓаните тоа го бараат од нас и затоа гарантираме дека 100% ќе ја исполниме програмата. Преку 22 големи проекти од кои 10 се капитални, но и голем број месни проекти, ќе донесеме прогрес во секое населено место во Општина Битола. Поддршката од централната власт е дополнителна гаранција дека во Битола ќе се вложува. Тоа е гаранција дека Битола ќе оди напред.Затоа ги повикувам битолчани масовно да излезат на избори и да дадат поддршка токму за напредок на Битола, рече Кондовски.

More from ВестиMore posts in Вести »